речник контакт

Кој ги краде пластичните канти за ѓубре?

Велешките канти за смет во централното градско подрачје како превентива од кражба се под клуч

Петар Печков

Изминатите десетина дена од централното градско подрачје, на главната улица Маршал Тито, исчезнаа десетина пластични канти за отпад. ЈКП Дервен кражбата ја пријавила во СВР Велес и полицијата останува да ги открие сторителите на оваа бизарна кражба.

Претходно во велешко се крадеа шини, сообраќајни знаци сега на ред дојдоа и пластичните канти за смет. Како превентива од ваквата состојба од ЈКП Дервен ново поставените канти за отпад започнаа да ги закатанчуваат па кога ќе дојдат комуналците тие ќе ги отклучат и однесат да се празнат. Нов оригинален велешки изум, како превентива од кражбите.

Со сличен проблем се судруваат и жителите од населба Тунел и тие пред некој ден јавно побраа ЈКП Дервен да ги заклучува кантите за смет за цврста подлога, бидејќи поради кучиња скитници, истите се тркалаат по улица или јавните површини од населбата.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »